Еден од предизвиците во летото 2017-та ми беше брзинско искачување на Мон Блан, односно “во еден здив“ да го искачам и симнам највисокиот алпски врв по најфреквентната рута. Мон Блан годишно го искачуваат илјадници планинари, но сеуште многу ретко во “лесен и брз“ стил, во едно претпладне каде се бројат ситно часови и минути, а не денови. Во алпските земји ваквиот пристап има корени од раните 90-ти години, а за помалите планинарски заедници е сеуште релативно пионерски. Со старт од последната станица на Монбланската железница (Nid d’Aigle 2362 m) преку домовите Тет Рус и Де Гуте, до врвот Мон Блан 4810 мнв и назад долу по истата рута, си поставив цел подвигот да го реализирам за под 7 часа.
Со доста проблеми кои ни се испречија на патот, на крајот успеавме во намерата: Мон Блан 4810 мнв горе-долу во вкупно 6 часа и 26 минути. Во кратко 15 минутно видео е спакувана приказната за оваа алпска авантура, клик на линкот долу, уживајте! ✌
Keywords: Кирко, Игор Карас, мајстор Џовани, глуждот, Мон Блан 🙂