Шварцвалд

Истражете го живописниот Шварцвалд со локален планинарски водич

Шварцвалд претставува простран планински масив во југозападна Германија, зафаќа површина од околу 6000 km² и со највисокиот врв Фелдберг достигнува 1493 мнв. Восхитувачки регион кој привлекува со густите шуми, идиличните долини и питоми планински врвови. Најдобар начин да го запознаете регионот е со локален водич, истовремено на македонски јазик. Преку класично пешачење или планинарење, планинско трчање или со планински велосипед, а во зима можност за ски-туринг или нордиско скијање – покрај незаборавните авантури, ќе имате можност да се запознаете со географските карактеристики, флората и фауната, како и богатата култура и историја на Шварцвалд.

Повеќе информации наскоро!

Пакети

Шварцвалд, Фрајбург, Стразбур, Колмар

Активен продолжен викенд (четврток - понеделник)

Спој од природа и уникатни градови
Достапност: март до мај, октомври до декември

Партнери