Алпите се најголем и највисок планински венец во Западна Европа, со должина од околу 1200 километри простирајќи се на територијата на осум држави. Од планинарски аспект Алпите играат исклучителна улога како родно место на алпинизмот, а денес инфраструктурно достапни за сите планинари и качувачи, со врвови и насоки за сечиј вкус и ниво на подготовка.
Важно: Услов за алпските искачувања е активно членство во планинарски клуб во рамки на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија или алпинистички клуб во рамки на Македонската алпинистичка федерација.