Мон Блан 4810 мнв

Класична рута — Де Гуте 🇫🇷 / Пакет 7 дена
Период Достапност од 20.06. до 10.09. 📅
Локација Алпи, Франција
Тежина Физички ⬤⬤⬤○○ / Технички ⬤⬤⬤○○
Услови Активен планинар, искуство над 2500 мнв во зима
Тип Мала група до 4 учесници

Кратко инфо

Врвот Мон Блан 4810 мнв како највисок на Алпите годишно привлекува околу 20.000 планинари преку неколку рути различни по својата должина и тежинско ниво. Една од трите класични рути и најпопуларна помеѓу планинарите е токму оваа преку “Де Гуте“ каде пристапот и планинарската инфраструктура се најдобро приспособени за успешен успон. Секое искачување на врв над 4500 мнв е захтевен потфат, но целиот процес на подготовка кој кулминира со завршниот успон, глетките и чувствата на врвот се вредни за да се прифати предизвикот.

Планинарскиот водич е значајна алка на секоe високогорскo искачување и со своето искуство, вклучително и на планината и врвовите кои се цел на експедицијата, значајно придонесува за правилниот пристап, безбедноста и успехот на тимот.

Детали

Ден 1. Пристигнување авионски до локален аеродром

Превземање од аеродром Базел, Женева или Милан Малпенса.

Ден 2. Аклиматизационо искачување на 4000 мнв

Искачување на полесно пристапен врв над 4000 мнв како дел од аклиматизацијата: прва опција е Брајтхорн 4165 мнв. Можни опции се Гран Парадисо 4061 мнв, Вајсмис 4017 мнв, П.Винсент 4215 мнв. Трансфер до Шамони доцна попладне или рано наутро наредниот ден.

Ден 3. Одмор и подготовка за искачување

Прошетка низ Шамони, средување на опрема за наредниот ден.

Ден 4. Искачување до дом Де Гуте 3800 мнв

Транспорт со Мон Бланската железница до 2370 мнв рано наутро, потоа искачување до домот Де Гуте по класичната рута, минувајќи покрај домот Тет Рус, кулоарот и Мон Бланската стена. Вкупно време на искачување околу 6 часа. Сместување во домот.

Ден 5. Искачување на Мон Блан 4810 мнв

Ран појадок и поаѓање од домот во 4:00 часот. Искачување во глечерска наврска со умерено и константно темпо до бивакот Валот (4300 мнв) каде е планирана пауза од 20-30 минути. Завршен успон по остриот снежен гребен (Bosses ridge) до самиот врв. Вкупно време за успон 5 до 6 часа, заслужен одмор и фотографирање на врвот. Симнување до последната станица на железницата со попатни одмори во домовите.

Ден 6. Резервен ден

Во случај на лоши метео услови или непредвидени фактори.

Ден 7. Транспорт до аеродром

7-дневен пакет вклучува: 

Комплетна организација на акцијата со искусен планинарски водич.

  • Превземање/враќање од и до аеродром и целиот локален транспорт
  • 5 ноќевања во хостели/кампови за време на акцијата
  • 1 ноќевање со појадок во дом Де Гуте
  • Жичара на Брајтхорн и планинска железница на Мон Блан
  • Насоки за тренинг и подготовка, совети при набавка на опрема
  • Организација и водство на акцијата (со планинарски пристап, автономија)
  • Мала група до 4 учесници (предност и безбедносен фактор)

НЕ е вклучено во цената: Авионски лет до локален аеродром (Базел, Женева или Милано), лична планинарска опрема (можност за изнајмување на техничка опрема), исхрана за време на турата, планинарско осигурување валидно за алпски искачувања (25-30 евра), сите трошоци од лична природа.

* Можност за ангажман само за завршно искачување (2 дена) со договорена средба во Шамони.


Важно: Секој учесник потпишува изјава дека е во целост свесен за ризиците кои со себе ги носи високогорското планинарење на Алпите над 4000 мнв, како и наведената програма за искачување на врвот Мон Блан, дека одговара за својата психо-физичка подготовка и учествува на акцијата во на своја сопствена одговорност. Секој член на акцијата како активен планинар превзема одговорност за својата способност за автономија во движењето, но и дека ќе се придржува и во целост ќе ги почитува насоките на водичот на акцијата.

Задолжително е претходно планинарско искуство од најмалку пет години.

  • Одлична планинарска психо-физичка кондиција
  • Потврда од спортска медицина
  • Активно зимско планинарење над 2500 мнв
  • Член на планинарски клуб и посетена зимска планинарска обука
  • Искуство со користење на дерези и цепин

Умерени способности на фирн и лед (способност за самостојно движење до 35 степени нагиб) и добра кондиција за целодневно планинарење со 40 литарски ранец, вклучително и движење во ноќ со челна ламба. На денот на завршниот успон предвидено е време од 5–6 часа до врвот, вкупно 12–13 часа со враќање до последната станица од железницата.

За време на успонот се движиме со алпски ранци 35 до 45 литри, со лична опрема, храна и течности. Движењето на завршниот успон е во глечерска наврска.

Секој учесник добива детална листа и насоки околу потребната опрема.

Сите учесници треба да имаат базично познавање за движење во глечерска наврска, како и искуство во користење на дерези и цепин. Задолжително е членство во планинарски или алпинистички клуб.

Пријавување: Зависно од достапност на места/период на искачување

Пријавувањето се смета за комплетно со пополнета пријава и уплата на депозит од 200 евра.

Партнери