Ски турингот е планинарски спорт во подем, спојувајќи ги во едно планинарството преку пасијата за искачување и скијањето на различен терен надвор од ски-центрите.
Активностите во оваа широка област може да се поделат на повеќе групи: спортски (скимо) туринг со главен акцент на акумулирање на искачена надморска висина, класичен туринг со подеднаков акцент на искачувањето и спуштањето, ски-планинарење со главен акцент на искачување на планински врвови каде често поради захтевноста на теренот скиите се носат и на ранецот додека се искачува стрмен/технички терен со дерези и цепин, фри-рајд ориентиран туринг со фокус на спустот на захтевни линии при различни снежни услови. Со самото тоа и степенот на фитнес, скијачкото искуство и опремата значително се разликуваат.
Во моментов нема достапни понуди во оваа категорија. Од идната зима ќе постои можност за водење на некои од ски-планинарските класики на Алпите, тури кои вообичаено траат два до пет дена со преспивање во планинарски домови.