Персонален тренинг

Соодветниот тренинг според волумен и структура е клучен дел од успехот во секој спорт, а во планинарските спортови и особено во алпинизмот соодветната подготовка е еден од суштинските фактори за нашата безбедност во планините.

За да тренираме соодветно за зацртаната цел и во склад со нашите капацитети најчесто е погрешно да превземеме готова програма и инструкции од интернет или пак да ги копираме елитните спортисти. Преголемиот и несоодветен тренинг волумен/структура може да доведе до повреди, назадување на фитнесот и психолошка истрошеност, честа појава дури и кај посериозни спортисти. Како пасионирани рекреативци кои не спортуваат во континуитет од најрана возраст, а притоа менаџираат паралелно со работни и фамилијарни обврски, основната цел треба да ни биде да останеме фит и во спортот на долг рок со бавен и континуиран напредок – не постои скратен пат и таквите патишта најчесто на крајот имаат висока цена.

Преку своето лично планинарско искуство од над 20 години, над 10 години активност во планинското трчање и качувањето карпи, како и бројна литература од областа на тренингот и подготовката за планинарски спортови, можам да ви понудам персонализирани тренинг програми за вашите следни цели.

Пакети

Планинарење и високогорство

Ви треба помош со цел подобрување на општата планинарска кондиција или се подготвувате за конкретно искачување, експедиција?

Планинско трчање и скајранинг

Вашата цел е градење на база и специфична подготовка за планинско трчање и скајранинг? Се стремите кон напредок и учество на натпревари?

Партнери