Високогорство / експедиции

Класичните високогорски експедиции се карактеристични за високите планински венци како Хималаите, Андите, Памир, Тјен Шан и други, особено при искачувања на врвови над 6000 мнв.

Времетраењето на една експедиција варира од височината на врвот, комплексноста на рутата и условите, логистиката, како и степенот на подготовка на членовите на тимот. За да едно искачување на врв над 6000 мнв помине успешно, покрај објективните фактори (метео, услови на рутата) неопходен е темелен пристап со соодветни подготовки за конкретната цел, правилна аклиматизација, исхрана, движење на планината.

Планинарскиот водич е значајна алка на секоја високогорска експедиција и со своето искуство, вклучително и на планината и врвовите кои се цел на експедицијата, значајно придонесува за правилниот пристап, безбедноста и успехот на тимот.

Пакети

Памир, Киргистан 🇰🇬

Ленин Пик 7134 мнв

Локација: Киргистан
Период: јули 2025
Времетраење: 21 ден
Вид на тура: Високогорска експедиција
Тежина: 5/5 физички, 3/5 технички

Анди, Аргентина 🇦🇷

Аконкагва 6963 мнв

Локација: Аргентина
Период: Декември 2025
Времетраење: 23 денa
Вид на тура: Високогорска експедиција
Тежина: 5/5 физички, 2/5 технички

Партнери