| Период | јули 2025 |
|---|---|
| Локација | Памир, Киргистан |
| Тежина | Физички ⬤⬤⬤⬤⬤ / Технички ⬤⬤⬤○○ |
| Услови | Искуство над 4000 мнв, активен планинар |
| Тип | Мала група (до 4 учесници + водич) |
Пик Ленин со својата висина од 7134 метри е вториот највисок врв на Памир во Централна Азија. Тој е еден од петте врвови потребни за орденот “Снежен Леопард“, награда која се доделува на алпинистите кои ги искачиле сите пет врвови над 7000 метри на подрачјето на поранешниот СССР. Класичната рута на искачување е технички умерена и физичка захтевна, а од учесниците бара одлична психо-физичка кондиција, високогорско искуство, како и вештини на снег и лед. Од напредниот базен камп, се минува уште преку два висински кампови (Ц2 на 5300м и Ц3 на 6100м), пред долгиот завршен гребен кон самиот врв. Кога ќе стигнете на врвот погледот е величествен, а среќата и емоциите интензивни.
Планинарскиот водич е значајна алка на секоја високогорска експедиција и со своето искуство, вклучително и на планината и врвовите кои се цел на експедицијата, значајно придонесува за правилниот пристап, безбедноста и успехот на тимот.
Ден 1. Пристигнување во Ош, сместување во хотел
Авионски лет од Скопје преку Истанбул/Бишкек/Ош.
Ден 2. Трансфер до Базен Камп (3600 м)
Појадок во Ош, потоа пет-шест часовен транспорт со теренско возило до Базниот камп. Сместување во веќе поставени шатори за двајца, со метална конструкција, душеци и електрична енергија во секој шатор.
Ден 3. Прошетка во околината на Базниот камп
Појадок. Неколку часовна прошетка во околината на кампот со цел прилагодување на надморската височина, анализа на времето, условите и подготовка на опремата. Следење на пулсот во мирување и сатурацијата на крвта со кислород.
Ден 4. Аклиматизација до гребенот на Пик Петровски (4300 м)
Аклиматизационо искачување до околу 4300 мнв на гребенот кон Пик Петровски од каде се нуди прекрасен поглед на базниот камп и околните врвови.
Ден 5. Трекинг до Камп 1 (4400 м)
За искачувањето до Камп 1 се потребни четири до пет часа, постои можност за праќање на дел од опремата со мазги (наплата по килограм). Сместување во веќе поставени шатори за двајца, со метална конструкција, душеци. Електрична енергија само во заедничкиот шатор по неколку часа во денот.
Ден 6. Аклиматизациско искачување на врвот Јухин (5100 м)
Искачување на блискиот врв Јухин по патека која не е технички захтевна.
Ден 7. Резервен ден. Подготовка за искачување кон Камп 2
Зависно од временските прилики и степенот на аклиматизација на групата. Подготовка на опремата за понатамошните искачувања.
Ден 8. Искачување до Камп 2 (5300 м)
Од С1 до С2 поаѓаме еден час пред изгрејсонце за да ги избегнеме топлината и влажниот снег. Кога ќе ги минеме глечерските морени и ќе се приближиме кон глечерот, потребни се дерези и се наврзуваме. Понатаму, се качуваме по стрмен терен со многу пукнатини во ледот. Најопасните и најтешките места околу “бергшрундот“ на ледникот се обезбедени со фиксни јажиња. Во горниот дел патеката се одвраќа на десно кон големо ледено плато. На карпест терен со умерен наклон при основата на северозападниот гребен, на надморска височина од 5300 м, се наоѓа С2. Просечното време за минување на оваа секција е 7-9 часа. Преноќување во веќе поставени шатори во Камп 2.
Ден 9. Искачување до Камп 3 (6100 м).
Поаѓање во 9 часот наутро. После почетната стрмна секција се изглегува на зарамнет дел на северозападниот гребен, а понатаму следи подолга стрмна падина до кампот 3 is лоциран на снежно плато на 6100 м. Време на искачување 4 – 6 часа. Ноќевање во веќе поставени шатори.
Ден 10. Спуштање до Базниот камп (3600 м)
Поаѓање надолу многу рано наутро, попатно одмор за ручек во Камп 1.
Ден 11. Ден за одмор и опоравок во Базниот камп
Ден 12. Одмор, опоравок и подготовка на опрема
Ден 13. Трекинг до Камп 1 (4400 м)
Аклиматизацијата е успешно завршена, следи главниот успон.
Ден 14. Искачување до Камп 2 (5300 м)
Истата постапка како при аклиматизационото искачување до Кампот 2.
Ден 15. Искачување до Камп 3 (6100 м)
Овој пат постапката ќе захтева помалку напор и енергија, поради аклиматизираноста на оваа височина. Сместување во веќе поставени шатори. Одмор, подготовка на храна и топење на снег, припрема за завршниот успон.
Ден 16. Искачување на Пик ЛЕНИН 7134 мнв и спуштање до Камп 3 (6100 м)
Поаѓање од Камп 3 околу 3:00 наутро, движење од самиот старт со дерези. Искачување по западниот гребен кон врвот Ленин, промена на стрмни и зарамнети секции, на најстрмниот дел поставено фиксно јаже. Движењето е бавно, а ноќта и зората студени. Завршниот дел кон врвот е со умерена стрмнина, самиот врв е мало плато со повеќе обележја меѓу кои и мала метална статуа на Ленин. Погледот кон целиот венец на Памир и Памирското плато се величествени.
Важно правило: ако до 14:00 часот го немате достигнато врвот, мора да појдете назад без разлика на чувствата и условите!
Ден 17. Симнување до Базен камп
Рано наутро поаѓање, пауза за ручек во Камп 1.
Ден 18. и 19. Резервени денови
Во случај на лошо време и други непредвидени фактори.
Ден 20. Трансфер од Базен камп до Ош. Сместување во хотел
Ден 21. Повратен лет
Важна напомена: Програмата може да биде предмет на промени поради различни фактори, како што се метеоролошка прогноза, услови на рутата, тек на аклиматизацијата и останати непредвидени фактори. Повратните авио карти се предвидени со Flex-опција за менување на датумот по потреба.
Задолжително е претходно солидно планинарско и високогорско искуство.
Умерени способности на фирн и лед (способност за самостојно движење до 40 степени нагиб) и добра кондиција за 5–9 часа планинарење до високите кампови, со опрема и движење во ноќ. На денот на завршниот успон предвидено е време од 7–9 часа само до врвот, вкупно 12–15 часа со враќање до кампот 3.
Растојанијата меѓу камповите и за време на завршниот успон се долги. Личната опрема и храната (вреќа за спиење, облека, техничка опрема, храна за високите кампови, итн.) ги носиме самите, додека ноќевањето на сите кампови е во веќе поставени шатори. Во базниот камп и Кампот 1 имаме вклучена богата исхрана со три оброци на ден.
Сите учесници треба да имаат базично познавање и вежби за движење во глечерска наврска. Задолжително е членство во планинарски или алпинистички клуб.
Пријавување до: 01.02.2025
Пријавувањето се смета за комплетно со пополнета пријава и уплата на депозит.
Водич на експедицијата: Александар Кирковски