За мене

Планините се дел од мојот живот на различен начин повеќе од 20 години: како дипломиран географ, со особен интерес за физичката географија, планинар и алпинист, преку планинското трчање и скајранингот, ски-турингот во зима, качувањето карпи, а на крајот но не помалку важно како лиценциран планинарски водич.

Зошто го сакам и уживам во водењето во планина? После долги години низ планините и во планинарскиот спорт, многу искачувања и повторувања на различни насоки, врвови и планини, улогата на планинарски водич секогаш те враќа на почетокот со истата возбуда и енергија за авантура. Преку процесот на подготовка, организација и водство на едно искачување од било каков тип, што кулминира со завршниот успон, водичот има можност да ја почувствува споделената среќа и енергија на луѓето кои се за прв пат таму и го остваруваат својот планинарски сон. Улогата на планинарски водич е одговорност, работа и задоволство споени во едно.

Планинарење и алпинизам
Планинарски водич Лиценца за планинарски водич во летни и зимски услови
Позначајни искачувања
  • Ленин Пик 7134 мнв, Памир x 2 искачувања
  • Аконкагва 6962 мнв x 2 искачувања
  • Елбрус 5642 мнв x 5 искачувања
  • Мон Блан 4810 мнв x 11 искачувања / француска и италијанска страна
  • Матерхорн 4478 мнв x 4 искачувања / италијанска и швајцарска страна
  • Дуфуршпиц 4634 мнв x 3 искачувања / италијанска и швајцарска страна
  • Цумштајншпиц 4563 мнв и Маргарита 4554 мнв x над 10 искачувања
  • Вајсхорн 4506 мнв соло, Гран Парадизо 4061 мнв x 6 искачувања
  • Јунгфрау 4158 мнв (соло преку гребен Роталграт)
  • Ортлер 3905 мнв (соло преку Хинтерграт, 2 x класична рута)
  • Гросглокнер 3798 мнв x над 10 искачувања (соло Штудлграт, зима Штудлграт)
  • Најбрзи македонски искачувања на врвовите: Аконкагва, Елбрус, Мон Блан од француска и италијанска страна, Матерхорн, Ортлер, Гросглокнер и др.
  • Олимп, Митикас 2917 мнв (9 зимски и над 20 летни искачувања)
  • Триглав 2864 мнв (2 зимски и 5 летни искачувања)
  • Балканска трилогија (Мусала,Вихрен,Митикас) во еден ден за 17 часа 55 минути
  • Зимска балканска трилогија (Мусала,Вихрен,Митикас) за 30 часа 50 минути
  • Над 100 алпинистички искачувања на локалитетите: Матка, Демир Капија, Нежилови Стени, Северна Вихренска Стена, Плоча и други
  • Качување на лед на локалитетите Скакавица и Патишка Река
  • Положен испит за спортски качувач (2015 година)

* Сите искачувања се самостојно планирани и реализирани, еден дел и соло.

Планинско трчање и скајранинг
Планински трки
  • Учесник на близу 200 планински трки (до 110 километри)
  • Над 50 остварени подиуми на домашни и меѓународни натпревари
  • Државен шампион во вертикален километар (2020) и вице-шампион на Македонија во скајранинг за 2020 и 2021 година
  • Репрезентативец на Македонија во планинско трчање (ЕП 2018) и скајранинг (ЕП 2019 и 2021, СП 2020 и 2022)
  • Монте Роса Скајмаратон финишер 2022 и 2023 (највисока трка на Алпите)
  • Ред Фокс Елбрус финишер 2017 и 2019 (највисока трка во Европа)
  • Мецалама Скај-клајмб финишер 2024 (втора највисока на Алпите)
Спортски награди и признанија
  • Највисоко признание на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, плакета “Даре Џамбаз“ за врвни спортски остварувања (2017, 2018 и 2019 год)
  • Најуспешен планинар на ПК Македон (од 2012 до 2019 година)
  • Годишна награда на Општина Центар “Феникс“ во 2013 година
  • Признанија од ФПСМ за постигнати резултати во планинарските спортови (во континуитет од 2013 до 2023 година)
Останато
  • Член на комисија за високогорство и експедиционизам при Федерација на планинарски спортови на Македонија (2014 до 2019)
  • Иницијатор за формирање и претседател на Комисија за скајранинг при ФПСМ во период 2018 до 2022 година, член на комисија од 2023 до денес
  • Член на Центар за стручно оспособување при ФПСМ
  • Член на комисија за планинарење при УИАА (2020 до 2022 година)

Партнери