Аконкагва 6962 мнв

Високогорска експедиција
Период Декември 2025
Локација Анди, Аргентина
Тежина Физички ⬤⬤⬤⬤○ / Технички ⬤⬤○○○
Услови Искуство над 4000 мнв, активен планинар
Тип Мала група (до 6 учесници)

Кратко инфо

Аконкагва 6962 мнв претставува највисок врв во Јужна Америка и воопшто надвор од Азија. Успонот нема особена техничка тежина, но претставува високогорска експедиција за која е потребно претходно искуство над 4000 мнв, зимско планинарење со логорување и најважно солидна планинарска психо-физичка кондиција. Преку процес на соодветна аклиматизација на планината целта е достигнување на врвот околу 15-тиот ден од пристапувањето на планината. Незаборавна авантура на Андите и прекрасната Аргентина во мала група со искусен водич.

Планинарскиот водич е значајна алка на секоја високогорска експедиција и со своето искуство, задолжително и на планината и врвовите кои се цел на експедицијата, значајно придонесува за правилниот пристап, безбедноста и успехот на тимот.

Детали

Ден 1. – 3. Пристигнување во Буенос Аирес/Мендоза

Авионски лет од Скопје преку Истанбул, Цирих или Франкфурт. Прошетка низ Буенос Аирес и Мендоза, сместување во хотел. Средување на формалности за експедицијата и проверка на опрема.

Ден 4. Трансфер до Пенинтентес (3600 м)

Автобуски трансфер до Пенинтентес и ноќевање во хостел на база на полупансион.

Ден 5. Kамп Конфлуенсиjа (3400 м)

Дводневна аклиматизација на патот кон базниот камп. Сместување во шатори со вклучена исхрана (полн пансион).

Ден 6. Пристигнување во базен камп Плаза де Мулас (4300 мнв)

Ден 7. – 17. Аклиматизација на планината

Аклиматизациони успони кон висинските кампови Канада, Нидо де Кондорес и Колера, со две ноќевања повисоките кампови. Можност за искачување на врв Бонетe 5000 мнв за време на аклиматизацијата.

Ден 18. – 20. Искачување на врв Аконкагва 6962 мнв

Зависно од метео условите предвиден е успон на врвот најрано на 14-тиот, а најдоцна на 17-тиот ден од влезот во националниот парк “Аконкагва“. Предвидени се доволно резервни денови за успон.

Ден 21. – 22. Враќање кон Мендоза, Буенос Аирес

Ден 23. Повратен лет

 

Важна напомена: Програмата може да биде предмет на промени поради различни фактори, како што се метеоролошка прогноза, услови на рутата, тек на аклиматизацијата и останати непредвидени фактори.

Вклучено во цената на експедицијата:

Комплетна организација на експедицијата со искусен водич на експедиција.

  • Повратни авионски летови од Скопје до Буенос Аирес (до 40 кг багаж + 8 кг кабински)
  • Транспорт Б.Аирес-Мендоза-Б.Аирес
  • 2 ноќевања во Буенос Аирес со појадок
  • 2 ноќевања во Мендоза со појадок и трансфер до/од влез во националниот парк
  • Дозвола за искачување (чини 600$ по човек – вклучена во цена)
  • во базниот камп сместување во шатори за двајца, пристап до електрична енергија и вода за пиење само во заедничките простории, вклучена исхрана на база полн пансион (5 x полни пансиони во базен камп, 2 x полни пансиони во камп Конфлуенција)
  • Транспорт на опрема со мазги до базен камп (по макс 30 кг од човек во правец)
  • Административни формалности, користење на радио станици, прва помош во базен камп
  • Насоки за тренинг и подготовка, совети при набавка на опрема

НЕ е вклучено во цената: Задолжително планинарско осигурување, користење на интернет или сателитски телефон, храна за висинските кампови (набавуваме секој според своите потреби во Мендоза), дополнителни трошоци од лична природа, дополнителна исхрана во базниот камп по потреба.

Важно: Секој учесник потпишува изјава дека е потполно свесен за ризиците кои со себе ги носи една високогорска експедиција на 7000 мнв, како и наведената програма за искачување на врвот Аконкагва, дека одговара за својата психо-физичка спремност и учествува на експедицијата во потполност на своја сопствена одговорност. Секој член на експедицијата како активен планинар со високогорско искуство потпишува и превзема одговорност за својата способност за автономија во движењето, но и дека ќе се придржува и ќе ги почитува насоките на водичот на експедицијата.

Задолжително е претходно солидно планинарско и високогорско искуство.

  • Одлична планинарска психо-физичка кондиција
  • Потврда од спортска медицина (не постара од шест месеци)
  • Искачен врв над 4000 мнв (пожелно над 4500 мнв)
  • Активен член на планинарски или алпинистички клуб
  • Зимско искуство на планини над 2500 мнв на Балканот

Пријавување до: 01.08.2025

Пријавувањето се смета за комплетно со пополнета пријава и уплата на депозит.

Водич на експедицијата: Александар Кирковски

Партнери