Дуфуршпиц 4634 мнв

Западен гребен (AD-, II/III- UIAA) 🇨🇭 / Пакет 7 дена
Период Достапност од 20.06. до 10.09. 📅
Локација Алпи, Швајцарија
Тежина Физички ⬤⬤⬤⬤○ / Технички ⬤⬤⬤⬤○
Услови Активен планинар, искуство над 2500 мнв во зима
Тип Мала група до 3 учесници

Кратко инфо

Искачување на највисокиот врв на Пенинските Алпи, на масивот Монте Роса, на границата помеѓу Швајцарија и Италија. Рутата води од прекрасната долина на Цермат, преку Горнерграт и домот Монте Роса (2883 мнв) се до врвот преку западниот гребен. Последниот дел од искачувањето на самиот гребен има експонираност и техничка тежина. Претходно за време на аклиматизацијата се искачува врвот Вајсмис 4017 мнв преку атрактивниот југоисточен гребен.

Планинарскиот водич е значајна алка на секоe високогорскo искачување и со своето искуство, вклучително и на планината и врвовите кои се цел на експедицијата, значајно придонесува за правилниот пристап, безбедноста и успехот на тимот.

Детали

Ден 1. Пристигнување авионски до локален аеродром

Превземање од аеродром Базел рано наутро, транспорт до долината Саас.

Ден 2. Аклиматизационо искачување на 4000 мнв

Искачување на врвот Вајсмис 4017 мнв преку југоисточниот гребен (PD, II UIAA).

Ден 3. Одмор и подготовка за искачување

Прошетка низ Цермат, средување на опрема за наредниот ден.

Ден 4. Искачување до дом Монте Роса 2883 мнв

Транспорт со планинската железница Горнерграт рано наутро, потоа искачување до домот Монте Роса. Вкупно време на искачување околу 3 до 4 часа. Сместување во домот.

Ден 5. Искачување на Дуфуршпиц 4634 мнв

Ран појадок и поаѓање од домот во 3:00 часот. Искачување во глечерска наврска со умерено и константно темпо до 4200 мнв каде е планирана пауза од 20-тина минути. Завршен успон по експонираниот западен гребен до самиот врв, осигурување со јаже на позахтевните секции. Вкупно време за успон 5 до 6 часа, заслужен одмор и фотографирање на врвот. Симнување до планинската железница Горнерграт со попатен подолг одмор во домот.

Ден 6. Резервен ден

Во случај на лоши метео услови или непредвидени фактори.

Ден 7. Транспорт до аеродром

Достапност: 7-дневен пакет или само завршен успон (2 дена)

Пакет 7 дена: Комплетна организација на акцијата со искусен планинарски водич

  • Превземање/враќање од и до аеродром и целиот локален транспорт
  • 5 ноќевања во хостели/кампови за време на акцијата
  • 1 ноќевање на база полупансион во дом Монте Роса
  • Планинска железница Горнерграт (повратна карта)
  • Насоки за тренинг и подготовка, совети при набавка на опрема
  • Организација и водство на акцијата (со планинарски пристап)
  • Мала група до 3 учесници (предност и безбедносен фактор)

НЕ е вклучено во цената: Авионски лет до локален аеродром (Базел), лична планинарска опрема (можност за изнајмување на техничка опрема), исхрана за време на турата, планинарско осигурување валидно за алпски искачувања (25-30 евра), сите трошоци од лична природа.


Важно: Секој учесник потпишува изјава дека е во целост свесен за ризиците кои со себе ги носи високогорското планинарење на Алпите над 4000 мнв, како и наведената програма за искачување на врвот Мон Блан, дека одговара за својата психо-физичка подготовка и учествува на акцијата во на своја сопствена одговорност. Секој член на акцијата како активен планинар (член на планинарски или алпинистички клуб) превзема одговорност за својата способност за автономија во движењето, но и дека ќе се придржува и во целост ќе ги почитува насоките на водичот на акцијата.

Задолжително е претходно планинарско искуство од најмалку пет години.

  • Одлична планинарска психо-физичка кондиција
  • Потврда од спортска медицина
  • Активно зимско планинарење над 2500 мнв
  • Член на планинарски клуб и посетена зимска планинарска обука
  • Искуство со користење на дерези и цепин

Умерени способности на фирн и лед (способност за самостојно движење до 35 степени нагиб) и добра кондиција за целодневно планинарење со 40 литарски ранец, вклучително и движење во ноќ со челна ламба. На денот на завршниот успон предвидено е време од 5–6 часа до врвот, вкупно 12–13 часа со враќање до последната станица од железницата.

За време на успонот се движиме со алпски ранци 35 до 45 литри, со лична опрема, храна и течности. Движењето на завршниот успон е во глечерска наврска.

Секој учесник добива детална листа и насоки околу потребната опрема.

Сите учесници треба да имаат базично познавање и вежби за движење во глечерска наврска. Задолжително е членство во планинарски клуб во рамки на ФПСМ или друга планинарска федерација, како и потврда за посетена зимска обука во рамки на планинарски клуб.

Пријавување до: 01.04.2024 (или до пополнување на местата)

Пријавувањето се смета за комплетно со пополнета пријава и уплата на депозит.

Партнери