Почитувани,
Како долгогодишен активен спортист во планинарските спортови ви се обраќам со предлог за спонзорска соработка во наредниот период што опфаќа низа на значајни активности во чии рамки би можел да ве промовирам Вас и вашите брендови.
За линк до мојата планинарска биографија кликнете тука
Овде може да прочитате повеќе за минатогодишното искачување на најатрактивниот алпски врв Матерхорн во еден ден директно од Цермат, а на следниот линк е достапен филмот за брзинското искачување на Аконкагва 6962 мнв.
Видео од брзинско искачување на врвот Пелистер на следниот линк.
Планирани активности во период 15.05. – 30.09.2024
| 16.05.2024 | Гостување на подкаст “Томас Перформанс“ |
| 19.05.2024 | “Прв до врв“ – трка до врвот на Водно |
| 26.05.2024 | “Охрид Треил“ – настап на дистанцата 22К 1100D+ |
| 01-02.06.2024 | “Василики Лефкада Моунтаин рејс“ 12K + 15K |
| 19-25.06.2024 | Мон Блан 4810 мнв + пониски врвови искачување на највисокиот врв на Алпите |
| 29.06.2024 | “Мецалама Скај-клајмб“ до врв Кастор 4226 мнв во Италија – видео опис *втора највисока трка на Алпите (во наврска со Х.Родриго од Шпанија) |
| 01-10.07.2024 | Мон Блан 4810 мнв (италијанска страна), Матерхорн 4478 мнв, Монте Роса атрактивни алпски искачувања |
| 25-31.07.2024 | Обергабелхорн, Дент Бланш или Дуфуршпиц технички захтевни алпски искачувања |
| 01-15.08.2024 | Учество на силна алпска трка (во тесен избор од неколку) |
| 20-30.08.2024 | Алпски искачувања (не се утврдени конкретните врвови и рути) |
| 01-30.09.2024 | Учество на две планински трки (опција Пештани ВК, Љуботен Скај или странство) |
Покрај наведените искачувања и натпреварувања, постои голема веројатност да бидат вметнати и други идеи, поврзани пред се со соло и/или брзински искачувања со спонтана организација. Исто така постои веројатност и за уште некое гостување на подкаст или ТВ.
Форма на промоција (да се утврди обем и интензитет):
- Стори и постови
- Кратки видеа, рилсови
- Објава на веб и социјални мрежи
- Рецензии
- Промо при потенцијално гостување на медиум
- Фотографии со лого од врвови, трки
- Потенцијална промоција во друга форма
Со цел што поуспешна соработка ќе се утврдат и стават на хартија: условите на соработка, обврските на двете страни и очекуваните цели.
- Базична соработка
- Напредна соработка
- Премиум соработка
Поддршката на еден планински спортист и географ ве поврзува Вас и вашиот бренд со човековата потреба за авантура и истражување и придонесува за подобро разбирање на нашиот природен свет. Вашата спонзорска соработка го поддржува еколошкиот пристап и вредности, промовира здрав и активен начин на живот и гради посилно, пообединето општество преку споделени искуства и инспиративни искачувања.
Се радувам на вашиот интерес и потенцијална успешна соработка! 🤝
Планинарски поздрав,
Александар Кирковски