| Период | 30.07. - 03.08.2024 |
|---|---|
| Локација | Пенински Алпи, Италија |
| Тежина | Физички ⬤⬤⬤○○ / Технички ⬤⬤○○○ |
| Услови | Активен планинар, искуство над 2500 мнв во зима |
| Тип | Мала група до 4 учесници |
Прво искуство на Алпите над 4000 мнв? Оваа високогорска класика од италијанската страна на масивот Монте Роса е одлична можност за прв пат да се искачите над 4500 метри. Примарна цел на оваа тура е највисокиот планинарски дом во Европа, Маргарита на 4554 мнв, а зависно од условите, желбата и спремноста, може да искачиме уште неколку интересни и атрактивни врвови: Цумштајншпиц, Балменхорн, Корно Неро, П.Винсент.
Планинарскиот водич е значајна алка на секоe високогорскo искачување и со своето искуство, вклучително и на планината и врвовите кои се цел на експедицијата, значајно придонесува за правилниот пристап, безбедноста и успехот на тимот.
Ден 1. Пристигнување авионски до Милано Малпенса
Превземање од аеродром Милано
Ден 2. Искачување до дом Гнифетти 3650 мнв
Искачување со жичара до 3200 мнв, а потоа уште 1 час до домот. Аклиматизација околу планинарскиот дом, одмор.
Ден 3. Искачување до Маргарита 4554 мнв
Искачување до највисокиот дом во Европа на 4554 мнв, зависно од метео условите можно е искачување на други околни врвови како Цумштајншпиц или Балменхорн. Движењето е по глечер во глечерска наврска. Ноќевање до дом Гнифетти.
Ден 4. Резервен ден
Резервен ден за на врв, во случај врвот да е веќе искачен претходниот ден се спуштаме во долината.
Ден 5. Милано
Целодневна прошетка низ Милано. Вечерта трансфер до аеродром Малпенса, во 23:30 лет кон Скопје.
Пакет 5 дена: Комплетна организација на акцијата со искусен планинарски водич
Цена на 5-дневен пакет: 800 евра
НЕ е вклучено во цената: Авионски лет до локален аеродром Милано (околу 150 евра повратна карта, но доста варијабилно), лична планинарска опрема (основна техничка опрема вклучена во цена), исхрана за време на турата (во домот има 2 полупансиони), планинарско осигурување, сите трошоци од лична природа.
Важно: Секој учесник потпишува изјава дека е во целост свесен за ризиците кои со себе ги носи високогорското планинарење на Алпите над 4000 мнв, дека одговара за својата психо-физичка подготовка и учествува на акцијата во на своја сопствена одговорност. Секој член на акцијата како активен планинар (член на планинарски или алпинистички клуб) превзема одговорност за својата способност за автономија во движењето, но и дека ќе се придржува и во целост ќе ги почитува насоките на водичот на акцијата.
Задолжително е претходно планинарско искуство.
Умерени способности на фирн и лед (способност за самостојно движење на умерен снежен нагиб) и добра кондиција за целодневно планинарење со 40 литарски ранец, вклучително и движење во ноќ со челна ламба. На денот на завршниот успон предвидено е време од 5 часа до врвот, вкупно 8 до 10 часа со враќање до планинарскиот дом.
За време на успонот се движиме со алпски ранци 35 до 45 литри, со лична опрема, храна и течности. Движењето на завршниот успон е во глечерска наврска.
Секој учесник добива детална листа и насоки околу потребната опрема.
Пријавување до: 01.07.2024 (или до пополнување на местата)
Пријавувањето се смета за комплетно со пополнета пријава и уплата на депозит во висина од 150 евра.