Дуфуршпиц 4634 мнв

Западен гребен (AD-, II/III- UIAA) 🇨🇭 / Пакет 5 дена
Период 11 - 16.07.2024 📅
Локација Алпи, Швајцарија
Тежина Физички ⬤⬤⬤⬤○ / Технички ⬤⬤⬤⬤○
Услови Активен планинар, искуство над 2500 мнв во зима
Тип Мала група до 3 учесници

Кратко инфо

Искачување на највисокиот врв на Пенинските Алпи, на масивот Монте Роса, на границата помеѓу Швајцарија и Италија. Рутата води од прекрасната долина на Цермат, преку Горнерграт и домот Монте Роса (2883 мнв) се до врвот преку западниот гребен. Последниот дел од искачувањето на самиот гребен има експонираност и техничка тежина. Претходно за време на аклиматизацијата се искачува врвот Брајтхорн 4165 мнв како еден од најлесно достапните врвови над 4000 мнв.

Планинарскиот водич е значајна алка на секоe високогорскo искачување и со своето искуство, вклучително и на планината и врвовите кои се цел на експедицијата, значајно придонесува за правилниот пристап, безбедноста и успехот на тимот.

Детали

11.07. (четврток): Пристигнување авионски до аеродром Милано Малпенса

Превземање од аеродром Милано Малпенса навечер, ноќевање во хотел.

12.07. (петок): Аклиматизационо искачување на Алалинхорн 4027 мнв

Искачување со жичара од Saas-Fee до Mittelallalin (3500 мнв) и од таму пеш до врвот Алалинхорн, еден од најлесно достапните врвови над 4000 метри во Швајцарија. Искачувањето се состои од околу 600 висински метри, со цел аклиматизација без трошење на значителна енергија (2:30 часа успон, 1:30 часа спуст). Попладнето трансфер до Ранда, Швајцарија. Ноќевање во камп.

13.07. (сабота): Искачување до дом Монте Роса 2883 мнв

Транспорт со планинската железница Горнерграт (од Цермат до Ротенбоден 2800 мнв) рано наутро, потоа искачување до домот Монте Роса на 2883 мнв. Вкупно време на искачување околу 4 часа. Сместување во домот (полупансион).

14.07. (недела): Искачување на Дуфуршпиц 4634 мнв

Ран појадок и поаѓање од домот во 3:00 часот. Искачување во глечерска наврска со умерено и константно темпо со кратки паузи. Завршен успон по експонираниот западен гребен до самиот врв, осигурување со јаже на позахтевните и поекспонираните секции. Вкупно време за успон 5 до 6 часа, заслужен одмор и фотографирање на врвот. Симнување до планинската железница Горнерграт со попатен подолг одмор во домот Монте Роса.

15.07. (понеделник): Резервен ден

Во случај на лоши метео услови или непредвидени фактори.

16.07. (вторник): Лет од Базел/Милано за Скопје

Цена на пакетот: 1100 евра

Пакет 5 дена (вклучено):

  • Превземање/враќање од и до аеродром и целиот локален транспорт
  • 4 ноќевања за време на акцијата (2 x хотел, 2 x камп)
  • 1 ноќевање на база полупансион во дом Монте Роса 2883 мнв
  • Планинска железница Горнерграт (повратна карта од Цермат)
  • Жичара Saas-Fee – Mittelallalin 3500 m (при искачување на Алалинхорн)
  • Транспорт со воз Ранда-Цермат-Ранда
  • Основни насоки за тренинг и подготовка
  • Организација и водство на акцијата (со планинарски пристап)
  • Мала група до 3 учесници (предност и безбедносен фактор)

НЕ е вклучено во цената: Авионски летови, лична планинарска опрема (можност за изнајмување на техничка опрема), исхрана за време на турата (освен во домот Монте Роса каде е вклучен полупансион), планинарско осигурување валидно за алпски искачувања (25-30 евра), сите трошоци од лична природа.


Важно: Секој учесник потпишува изјава дека е во целост свесен за ризиците кои со себе ги носи високогорското планинарење на Алпите над 4000 мнв, како и наведената програма за искачување на врвот Дуфуршпиц 4634 мнв, дека одговара за својата психо-физичка подготовка и учествува на акцијата во на своја сопствена одговорност. Секој член на акцијата како активен планинар (член на планинарски или алпинистички клуб) превзема одговорност за својата способност за автономија во движењето, но и дека ќе се придржува и во целост ќе ги почитува насоките на водичот на акцијата.

Задолжително е претходно планинарско искуство од најмалку пет години.

  • Одлична планинарска психо-физичка кондиција
  • Потврда од спортска медицина
  • Активно зимско планинарење над 2500 мнв
  • Член на планинарски или алпинистички клуб
  • Искуство со користење на дерези и цепин

Умерени способности на фирн и лед (способност за самостојно движење до 35 степени нагиб) и добра кондиција за целодневно планинарење со 40 литарски ранец, вклучително и движење во ноќ со челна ламба. На денот на завршниот успон предвидено е време од 5–6 часа до врвот, вкупно 12–13 часа со враќање до последната станица од железницата.

За време на успонот се движиме со алпски ранци 35 до 45 литри, со лична опрема, храна и течности. Движењето на завршниот успон е во глечерска наврска.

Секој учесник добива детална листа и насоки околу потребната опрема.

Пријавувањето се смета за комплетно со пополнета пријава и уплата на депозит.

Партнери